чекор (м.)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција…
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Србите се националисти со арно сознаени народни идеали и интереси, кои што со труд, наука, перо и дипломатија сите како еден човек одат по еден општ за сите пат и затоа постигнуваат победи над Бугарите на секој чекор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
(Решително, со цврст чекор се упатува кон спалната, но во моментот пред да ја отвори вратата се појавува Духот на слободата во лик на убава девојка облечена во бела облека, со распуштена долга коса, со факел во десната рака и венец во левата).
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
АРСО: Така! Удирај се сам! Те стигнаа клетвите сиромашки! (На свирачите.) Свирете ја сега со мекам, полека... за играње! (Игра старо оро, Поцко го следи во чекор, сѐ пред Теодос, околу него.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
(Се слушаат чекори на жетварките). Жетварките се. Слушај, Ано, не ги носи овдека, сакав да кажам не ги викај ваму.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
При таа мисла тие неусетно ги забрзуваа чекорите ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Престанав кога чув тешки чекори.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој ми префрли рака преку рамо и со несигурен чекор појде по улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Под тежината на нејзините чекори подот непријатно закрца. Како да се распаѓаше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Барем така им велеше на тие што даваа пари, а посестримите ги газеше на секој чекор да не се даваат на Турците, оти главите ќе им ги скинел како на врапци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Одовде до Секуловци десет чекори место е и за едно „свети боже", свети крпки, венчаетсја раб божи Илко со рабина божја Доста, сегда и нинје и приено и во вјеки вјеков амин", и .. . клоп ! ... три лири во џепот, бадијала ли е ? . . .
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По малку време му се врати храброста и направи неколку чекори напред, но пркосно, како да им вели: елате да ве видам што можете да ми сторите!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мартин дури и направи еден чекор: се готвеше за бегање.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се исправи, отстапи еден чекор. „Доста со играње, Марија“, рече.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Слушам како умира времето... Покрај лисјето што паѓа и мразот што се фаќа за рацете до каде сум стигнал Тоа умира сѐ што се раѓа па вечно сум со него помал макар за еден чекор
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ги брои тешките чекори, пресметува, погодува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)