чемер (м.)
Пушките грмат, песна се ори, истурил народ чемер и бес!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Се меневме. Неделните излети ги заборавивме, а ти не гледаше дека градот ме оковува во прав и чемер. И здодевност.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И знаеше: алкохолот под неговото теме смислува чемер за секого што може нему да му биде чемер.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
А мене срцето само ми се полни со болки, со чемери.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Преголем беше тој страв, тој чемер.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Замолкнаа. Гризе чемерот. Подјадува.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Над Прењес почнува делникот обременет со чемерот на испадените, раскуќените, раздојдените, разнебитените и размеѓените...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го видов пред паѓање оќоравениот Арсо Арнаутче и го видов полуголото старче како бега со крик низ вратата, слушнав извици на некои што доаѓаа и почувствував дека почнувам да повраќам чемер, и сѐ беше стравотија на крст што паѓа врз нас, нѐ дроби и остава да изгнијат под неговата тежина мртвите надежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во него лутината и спокојот, бесот и добрината, чемерот и радоста, моќта и немоќта беа толку испреплетени, што тешко можеше сам да ги раздвои.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чудно, и таму некаде далеку луѓе, и живот со копнежи и со страсти, исти како и нашите овде, како и моите, со ист чемер што напукува во гласот како врела карпа удрена од бран на море.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кутрата негова мајка, во болка и во чемер, во страдање и во надеж, не можеше никогаш да разбере што се случило во душата на синот?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Затоа се симнав да ти ја кажам скрбта со која сме налегнати, тагата со која сме исполнети до гуша, чемерот врз нашата душа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Остана само чемерот и маката дека некој излегол поербап од тебе, та што и да сториш, не ќе си кадарен да му ја фатиш мерката и да го исправиш...
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се надеваше Сафет-ефенди да го види ова, и ако машкиот чемер може да се брише со женска убавина, да посака тоа да го стори со неа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ама за ибн Пајко, сотрен од чемерот, во цела бавча со цвеќиња не можеше да се најде ни едно што со миризбата да го развесели.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мечот кој чмае по ѕидовите
сиров или обработен на коприна
регистриран како музејски предмет
број тој-и-тој
повеќе не е меч ами чемер.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Дали да те опишам
како патник кој пробива
пат-падина, пат-гибел
чистач на убавини
фокусиран хаос
разјарен чемер
или како
апсолутно его?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Седејќи на подгниените греди, размислуваа, молчеа, голтаа чемер, тагуваа и со мислите и разговорите секогаш таму, во своите села, во своите куќи, во нивите, бавчите, лозјата, градините...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)