чкрта (несв.)

Над секој поток неуморно чкртаат воденици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На речниот брег песокот чкрташе под неговите нозе, оној песок што беше некогаш издробено сонце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа секако, некаков бавен полуслеп коњ влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу иње на обрастеното лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од тоа столкнување со планината денот, како усвитена и раздробена лава, се подаваше над врвовите, разбиен во најпрашинести искрички, а под неговата светлина планината стануваше челично сива и снегот под стапалките почнуваше да пршти, чкртајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XXIII. Беше скован во цврст чардак, со три прста опрашка од пепелав снег одозгора, и чкрташе под неговите стапала.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Снегот беше замрзнат и чкрташе како ѓаволот под неговите чекори. Тоа траеше дури не навлезе меѓу дрвјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти одиш секојпат на пазар, па мораш малку да ја подмачкаш колата да не чкрта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чкртам, а целиот сум на штрек: секој миг би можел да влетаат во собава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
30. КОЈ ГО ЗАГУБИЛ СРАМОТ, ТА ТОЈ ДА ГО НАЈДЕ - нели срамот е нешто од светот што се крие, и небото црвенее кога сонцето ќе зајде, а од срам да црвенееме заборавивме ли ние?!... мачкај ја колата да не чкрта!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но сега се веќе во онаа доба кога силата од ден на ден ги напушта, кожата им ожебавува, пука, се лупи; им стрчат оголените гранчиња ко суви ковчиња, чкртаат на ветерот грозно, морничаво.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А рацете дур летаат и нозете се јазат кон сонцето на плодот кон семките што 'ртат долапот расте во ноќта на сништата што лазат и вика тој со гласот што чкрипи тропа и чкрта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пак се склечка работата, пак почна да чкрта, да не оди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А навечер ќе чекам да излезе месечината и ќе се потпирам на пенџерето: ќе собирам, ќе одземам. Чкртај, приѕирај...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му чкрта дишењето на човекот, слушам како му чкрта дишењето, мислиш неподмачкана кола. И остана така подзинат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Проучувајќи го, забележа дека таа појава се јавува под дејство на надворешни дразби: кога ќе чуе во сон дека реката му бучи, станува и оди на реката: влегува во неа да се капи; при допирот со водата, се буди, се исплашува и се враќа назад в кревет; понекогаш ќога ќе го чуе кучето да лае, станува, го одврзува и шета со него; кога чкрта прозорецот од ветер, му се чини дека е на лулашка и се ниша на креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чкрта со забите, го цеди зборот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секое пуштање в нужник, ќе чкртам, ќе пишувам: како сте другари, пишувајте, другари.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чкрта, струже, отсекаде ги пушта ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коските му чкртаа. Над неговата глава студено блескаа ѕвезди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чкртал со заби, го чуле. - Што е, што сакаш овде? прашал со гровтав глас и ѝ ги наслушнувал меките чекори, притаен, со претпазливост на вепар што свикнал на осаменост и на тишина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе