чмае несв.

чмае (несв.)

Штамата чмае, штамата дебнее пуста проклета, како ли, боже, чумата в коските сичко стегнала.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае у троскот зараснат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Везден одам, везден траам, везден судни маки чмаам... Глава веднам... С’лзи леам и сред лути рани тлеам.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Грнето со петелот крчка, тепциите чмаат, погачите се ладат, винце, ракиичка — готово.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Осум месеци чмаам овде. Низ иглени уши поминав...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега знаеше добро дека ќе мора да стори нешто, доколку не сакаше да остане да чмае наполно гладен среде тој снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тлееше во него, чмаеше, некоја собраност да молчи, да не се прават непотребни движења, - та сите движења се сега толку непотребни, та толку е непотребно сега сѐ, - да се помине колку што се може со помалку покажување на себеси, а од тоа дури и здивот му стануваше притивнат и слаб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Смртта зад неа чмае со сонцето зад својот грб.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Книгите се влечкаат по подот, чинијата со кикиритки чмае во библиотеката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби поминаа два месеца и во селото почнале да зборуваат – зошто она дете постојано чмае на мајчиниот гроб, зошто не го приберат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ги има уште стотина непродадени, чмаат во градската апсаана.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мечот кој чмае по ѕидовите сиров или обработен на коприна регистриран како музејски предмет број тој-и-тој повеќе не е меч ами чемер.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сигурно му се досадило да чмае повеќе в крчма без честало.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Селото чмаеше стегнато и устрашено. Пијат. Мизерна и жална беше овде маѓијата од виното.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со ракавот ја избришав потта од челото и лицето и одново се вдадов во стружење се додека не го истружав слојот до последната буква, која е првата во паролата што тука, под трите слоеви вар, чмаеше цели шеесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од изгревот до заодот денот чмаеше под сенката на авионите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Црни горо црни сестро и животот црн чмае во место другите девојки фатија спонзор а таа сѐ уште дреме на прозор Се к’ти ноќта и зимата црна студот во коски со кубик дрва да учи во студ, да ѕемне под јорган за упис на факс да продаде орган
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)