шатор м.
шаторски прид.

шатор (м.)

Го обликувавме шаторот, ги наслушнувавме туѓите чекори и правевме љубезни изрази на лицата. Никој не ни обраќаше внимание.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Договорот беше таков - да го расцепиме платнениот ѕид на шаторот и кришум да се провлечеме внатре.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пашата излезе и почна нервозно да шета пред шаторот, често погледнувајќи во правецот од каде што се слушаа силни пукотници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- И, заедно со Питу и со другите војводи, влегоа во шаторот на штабот. Таму веќе го чекаа писма.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во полето шатори, шатори - полно бели чадори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Многу селани од околните села идеа кај шаторите и носеа кокошки и јајца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Крај патот, којшто води од Струга за Охрид, покрај самото езеро, во една ливада имаше распнато многу зелени шатори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Замавна со раката наназад, кон шаторот како да ги тера.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој брзо исече едно парче платно од шаторот што беше повеќе искинат во невремето, пронајде две убави, еднакво цврсти ластегарки, па од платното и од нив направи носилка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ене го излегува од шаторот со книга во рацете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Елена излезе пред шаторот. Сонцето веќе беше високо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се стаписа. Едниот шатор го немаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го повлече кон шаторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби поради неколкуте соби и, воопшто, големиот простор, за разлика од оној во шаторот, сѐ повеќе го чувствував отсуството на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ја подадов главата од отворот на шаторот за да го видам непознатиот човек, татко ми на неговото прашање рамнодушно ги крена рамењата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Во кој шатор велиш дека живее Христина Петровска? - чув едно утро како некој го изговара моето име и презиме покрај шаторот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во „Олимп“ кампувањето, за еден човек на ден, чини 60 драхми, толку и за приколка, односно 50 за шатор, а во бунгаловите, со четири кревети, на ден 500 драхми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Под шаторите и во импровизираните летувалишта, има повеќе чехословачки, отколку бугарски туристи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Под шаторите, во кампинзите летувањето е поскромно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе