шверцер (м.)
Само белите усни малку набабреа задржувајќи долго душено кикотење. „Никола“ , викна и се наведна над белиот лик со танко црвено конче на обата краја на устата. „Никола, јас сум, Отец Симеон.“ Шверцерот и веселникот ли?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Подобро послушен физикалец што ви ги истоварува бедните панаѓурски стакленца и перлички од Грција и Турција, отколку креативност, ентузијазам и енергија ОВДЕ нешто да се работи. Држава на шверцери и пејџер-типови.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Некој го извика надвор од часот, како што често се случуваше (Фискултурецот беше најголем шверцер во училиштето и продаваше секаква стока за мали пари), и тој го определи Павел Земанек да застане до разбојот и да внимава на нив додека вежбаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Вршат бројни правни, економски, културни и општествени функции, и вклучуваат бројни агенти/актери: војници, царински службеници, шверцери, туристи, проститутки...
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)