шега (ж.)

Сакав да направам една шега на сметка нивна.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ајде брзо кажувај што се задоцнавте! Душава ми искочи, не е шега... А има и зошто!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Чираците ги поткраднуваа чорбаџиите и ги учеа нивните шеги, созреваа порано од учениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не ми беше познато како ја пренесол тој мојата прикаска но разбрав дека шегата му го намалила угледот во семејството и му донесла и модрица под ребрата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доста ја погледна испитувачки и небаре на шега и се обрецна: — Шо му стори, мори џадио, на чупето преѓеска? — и зачека одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Разговорот постепено стапуваше од шега на вистина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко Балето страшен шмеќер е. Го намириса Илка оти е запален за Рожденката, а знае оти и некоја бела меџидија ќе падне, па затоа ја зеде работата не на шега.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо Бошко уште еднаш виде дека нема шега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од ваква старомодна шега во Париз не се засмејуваат ни бронзените морски деца од мостот изграден преку Сена во чест на некогашниот руски император.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Не ми требаат твоите шеги! - му рече остро и налутено Веле и додаде уште поналутено: - Разбра ли?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: Стануваш досаден со тие твои... шеги. Не наоѓаш ли дека не им е местото овде?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Змејко знаеше колку ѝ е лесно на таа челична ламја да се спушти надолу во еден замав, таа како од играчка би загризала во дебелиот трупец и би продолжила со една ритмичка постојаност да полетува, вивната нагоре, како некој челичен галеб, а потем да паѓа пак, и пак и пак, како од шега, трпеливо, без сенка од какво и да било напнување, без никаква измореност, сосема лесно, всушност тоа како да беше за неа единствениот начин на постоење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега гледаше во календарчето и мислеше на една шега на стрико Дуко: „Зарем е потребно да се знае секогаш кој ден е; зарем не може да не се погоди, да се згреши за неколку дена, чудо големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сѐ, што правеа сега, пред нивните очи, тие две раце, изгледаше како да го прават од шега, но сепак сѐ беше така одмерено и меко, толку точно и без ниедно непотребно движење ни на малиот прст, што тоа беше просто волшебство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Избегнувајте од каква било зајадливост и шега и помислете дека таа судбина сте можеле, можеби и вие да ја имате.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Овој цврст човек, овој секогаш за шега расположен маж, сега не личеше на себеси.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па да видиме и што домаќин си, што паша си, — почнаа Гарванов и Сарафов на шега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не чуди се ако се исправи некој ден кај тебе и побара да му го отстапиш местото, — му рече валијата на пашата небарем на шега. Море каква шега!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе