шегобиен (прид.)
(...) Да не мислиш на смртно сериозните теми (од психоанализа, дискриминација до екологија) третирани на лежерен, шегобиен, дури и навидум „несериозен“ начин?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Филистејците се како дечињата во шегобијната македонска песна: сите клечат, сал едно кака.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Затоа на шегобијните досетки на Томо одговараше со иста мера.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)