шише ср.
шишенце ср.

шише (ср.)

Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога дошле близу селото Плетвар, кај дервенот, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец, и од радост веднаш слегол до едни камење, за тамо да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Е!... Море, удри понатака!... (Го крева шишето со вино, а другите тивко пеат: „Во стриковото градинче, галабо...) СИМКА: Не лути се, Костадине...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТЕОДОС: Тогаш ќе пијам да се опијам! Дајте го тоа шише! (Пие.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Ајде, кога ти велам, дим да те нема, зашто... (Го крева шишето и замавнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Ние можеме и од шише.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Колку повеќе се приближува до крајот на песната која што ќе ја пее, толку повеќе ѝ се очите во шишето. Пее).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога влегов тој се сврте кон мене и подаде рака кон шишето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Извади од под сламарицата темнозелено шише и ми го подаде со трепетлива рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тој, Јосе, прилепчанец, многу голем есапчија беше, особено кога имаше полно шише покрај него и мисурка кисело млеко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Повели побратиме! — вели Главче и му го подава шишето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Евала бег, евала! — благодарат селаните околу него и подава секој по некое шише со ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Уште едно ќе испијам, - рече тој и пак го стави шишето под шупурката. – Сакам петнаесет да бидат. – и Водата потече во него, стивнаа децата, та се слушаше само шуркањето на водата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ти кучко малечка, да молчиш, - ѝ свика брадјосаниот нејзе. – Кажи бре ти кој е најгазда од вашите татковци? – го праша тој Пецета, кој сѐ уште го држеше шишето в рака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Чудо, - рече тој. - Ела де испи десет, - му подвикна Трајанка подавајќи му го шишето, - па да те видам дали е чудо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А тој, Арсо, се виткаше и мафташе со шишето понесен од некоја своја радост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А јас за штрковите ова го знам, и Петко пак кришум го враќа туѓото шише таму кај што беше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се исправи во креветот и со подадена рака го побара во мракот шишето. Кратка голтка, грч.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Гледаш дека е така, се охрабрува Петко и кришум ја подава раката кон шишето. - Ете, гледаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе