шмрка несв.
шмркање ср.

шмрка (несв.)

Тој слушаше внимателно, нишаше глава и шмркаше не прекинувајќи ме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Старецот жалосно ја наведна главата; додека со прсти ги размачкуваше капките по подот, чудно шмркаше и ги криеше од мене очите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа толку брзо го изговори тоа, дури и Баждар се збуни и шмркајќи зад брадата се доближи до мене и се потпре со едната нога на ѕидот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Бре, да не сака сам да одбира, та ако не пушчи нам пушка ќе го удри, ќе му го видиме задникот бес шалвари! — Велеше Мало, шмркајќи бурмут од дрвената кутија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не сфаќаше. Сакав, синко, само да те научам што е шиканирање, пијано шмркаше татко му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Денко го крена грнчето, отпи две-три голтки, па го тргна од уста, држејќи го така минутка-две, треперејќи со очите, шмркајќи со носот, трудејќи се на сите начини да му ги одреди својствата на тој пијалак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ебати поштите, вели ебати светот, вели и шмрчка со носот, плаче. 236
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да ти речам, Уљо, вели Огнен и шмрчка со носот од лутото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Па не си венчан со гајдата, му велиме ние, а тој само липа, шмрка, се лигави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Богуле, при жулкањето на нејзините коси, го допираше и носот да ѝ ги помириса при што го губеше носот во нејзиниот густеж шумно шмркајќи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А Надежда Петрова си шмрка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како се вика детето? — Иван Абазовски, велам и уште шмркам со носот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наутро селаните ќе пцујат под својата обезличена сермија, луто ќе шмркаат и ќе ги пребројуваат куршумите за хајка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја стега и устата, шмрчка со носот, го џебурка лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се смеел збунето шмркајќи и со кисела плунка во устата и Адам Лесновец оставајќи ја ластегарката и вадејќи го од појас чеканот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Понекогаш и во сонот му се причинуваше дека куќата гори, стануваше, излегуваше на чардакот, гледаше во дворот, шмркаше со носот и му се чинеше дека му иде миризба на чад, стрчнуваше по скалите во кералот кај добитокот, проверуваше, гледаше дека нема ништо, и пак се враќаше да спие, но не можеше да спие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Често се пуши, помешан со марихуана, тутун или магдонос, но исто така може да се вшприца или шмрка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
АМФЕТАМИНИ (AMPHETAMINES) Форма: Главниот вид на уличниот амфетамин е амфетамин сулфат, белкаст прашок (повремено содржи сивкасти или розеникави траги) кој обично се шмрка со цевка или се внесува интравенозно, но исто така се голта (завиткан во хартија од цигари или помешан со пијалок) или се меша со тутун и се пуши.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
135 ОПИУМ И ОПИЈАТИ (OPIUM AND OPIATES) Форма: опиумот може да се пуши или да се голта иако опијатите кои се во форма на прашок, можат да се шмркаат, пушат или да се мешаат со вода и да се внесат интравенозно. (Види кај хероинот, најшироко распростанет опијат, поради што и одвоивме посебно место во овој прилог) Времетраење на дејството: до десет часа, во зависност од дозата и начинот на употреба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бреда шмркаше првите половина час, потоа ја стегна мојата рака и липаше отворено кога момчето конечно излезе од меурот, доби триесет и седум различни болести и умре пред да почнат рекламите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе