шмркне (св.)
Тој ме погледна и не ја крена главата; потоа шмркна со малиот нос и развлече: - Ми се потсмеваш? - Не. Жими свети Никола.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Карабуклијата пак шмркна од пагурчето, му го подаде на дедот Петка и тој да го накваси грлото оти од многу зборување беше му се засушило, та откако се поналакти на другиот лакт, се заврте кон Доста и почна: — Арно вели побратимот, внуко, арно вели.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неколку пати шмркна, свртен кон ветерот, испитувајќи го воздухот, барајќи некаква посебна миризба во неговото студенило.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Толе во Маданот се научи да си потпивнува убавко, та и вечерва шмркна баеги од грнчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Помислувам да шмркнам уште една линија, но ја забележувам полициската кола надвор. Улицата е полна со пијани луѓе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога ќе му направев ваква супа, по три чинии одеднаш голташе... - на ова и тетка ми Олга не издржа, шмркна и со салфетката пред неа исто така си ги избриша очите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ане шмркна и потоа со горниот дел од раката што го држеше парчето леб малку наросено од сирењето, си го избриша мрсулот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Одеднаш тетка ми длабоко воздивна и шмркна со носот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Солта се втиснала во гените
во парењето и спермата
во плазмата и солзата
во обредот и магијата
не само за да храни
ни за да конзервира
туку за да подјадува
и самата овоплотено време
да впива сѐ што ќе допре
сѐ што ќе шмркне
малку по малку, до крај!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Владиката поудобно се навали на миндерот, шмркна кафе и, оближувајќи ги подгорените усни, праша: - А пари, велам пари, зашто црква со пари се гради, а не со молитви и желби.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не сакав да се издадам дека преферирам чист ум, некако успеав да изглумам дека шмркнав.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)