Шпанија име.

Шпанија (име.)

До осум, до состанокот со убавата Швеѓанка Гинел Свенсон; таа ќе нѐ чека во бистрото на дебелата Шпањолка, онде, зад црквата Сен Жермен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Четворица тореадори маслинки собирале во Шпанија, а во Катанија и во Романија береле бамји и боранија.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А потоа, пак се нашле во Шпанија, во една воена болница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Татко му, некој сапунџија, имал фабрика за сапун, го пратил во Париз за да учи за лекар, ама кога му кажале оти син му по дипломирањето отишол во Шпанија, се откажал од него преку весник. Пезевенк човек. Пфу!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
— Как прекрасниј, как металически голос65, велат, вие нѐ вративте во Шпанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во таа година се протерувани од Шпанија со удари на антиклерикалното движење језуитите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми имаше книги во кои нашироко се расправа како козите ги осиромашиле шумите во Шпанија, на Сицилија, на Корзика, падините на планината Атлас во Северна Африка, дури до Црното Море.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Целиот јужно американски континент сѐ уште живее во времето на жртвувањето на царствата кои пропаднале со доаѓањето на Шпанците и Португалците и кои никогаш нема да престанат со своето пропаѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред сѐ, тој доаѓа во Шпанија, една година минува во Мадрид, заработува за живот копирајќи ги старите мајстори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тулуза ќе беше далеку поздодевен град Шпанија да не беше во Заедни­чкиот пазар.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А сега за другиот крунски сведок на тогашното раздобје, за Шпанецот Балтазар Грасиан.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И во Шпанија и во Франција мошне рано бил распространет “петраркизмот”, барем како прециозна дикција.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
1919. Борхесови заминуваат за Шпанија, најнапред во Барцелона, а потоа во Палма де Мајорка. Учи латински и арапски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Според филозофот Едгар Морен, исламот се покажа во еден историски период многу потолерантен од христијанството, кога беа прогонувани од Шпанија муслиманите и евреите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- А овдешниве ретко некој ќе се сети дека Малага е град во Шпанија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Шпанците слабо ни идеа, ама Маврите почнаа да доаѓаат сѐ повеќе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зашто еве, и Евреиве ни ги полнат маалата. Со бродови и карвани од Дубровник, и тие, кутрите, божем бегајќи од Шпанија и Португалија одат за Солун, ама минувајќи низ Скопје, многумина и остануваат овде, кај нас. Што да правиме со нив?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не мириса како медитеранското море во Италија, Шпанија или во Турција.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во 1492 година таму пристигнале голем број бегалци како резултат на нивниот прогон од Шпанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако си толку загрижен оди гини во Шпанија.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе