шприца (несв.)
Знам, почитуван господине, дека на полето на вам милото христијанско учење, секоја почва е плодна, и залудно никој не шприца семе, така, сѐ си ја наоѓа својата смисла, дури болката најмногу.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Новите технологии, да речеме, просто го вшмукуваат тоа романтично атрофирано телце на „старата уметност“ и ѝ шприцаат такви дози на „виртуелност“ што секој момент очекуваме од масата на Франкенштајн да стане некаков тоталитарен холограмски бог и да заведе ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Задоволување на потреби. Хемикалии и екрани шприцаат електронски информации во очните школки и ушните тапани, активирајќи ги мозоците.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Салонот заличи на дупка пештерска низ која водопадната струја распрскува, шприца насекаде. Убавицата свампиросува.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)