штала (ж.)
- Придавки, историјата се повторува. Херкул исчистил две училишни штали.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- ... Херкул ја навртел реката кон шталите на Аугиј и ги исчистил...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Просто, задремале, само мислата е будна: нели ќе заборават сега децата негови да го истимарат коњчето, да ја покријат шталата, да го причестат и најмалото внуче.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мислат ли тие, ги праша, дека тој ќе ја претвори својата соба в штала, а браќата Крловец со остар песок под кожата на табаните не смееја да погледнат во него повторувајќи еднобојно дека нивната соба е мала и за мачка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Еден од нив, аптекар во куси пиџами со многу разнобојни риги, се сети чувствувајќи дека гласот морничаво му пробива низ сета негова кожа: „Како в штала“ , па по него се сеќаваа и двајцата скарани: „Коњ! `Рзнува во број 8. Кај оној со избричено теме.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Соседите ме сметаат за луд.“ Браќата се намалија во својата покорност: „Но што ќе чиниме ние со коњот? Знаеш и сам, штала не наследивме.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Еднаш, во шталата во која спиел на душек, Илчо Просинек се сретнал со повампирениот пакосник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Видливо поистоштените останале да спијат по слабата вечера кој каде, во своите двоколки или во некоја плевна, или пред штала во која добичињата си ги плеткале роговите над грст сено, половината отишле со Онисифоровците да ја пребаруваат шумата над селото, за стражари биле определени Лазар Аргиров, Јован-Стојче Столетников, Никола Влашки и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Постојаното ѕвонење на камбаната, ги возбудуваше и птиците кои кружеа над манастирот и кричеа, ги возбудуваше и пауните во дворот кои постојано испуштаа гласови, силни, пискливи; и добитокот рикаше во шталите, блееја овците - се чинеше секоја живинка се радува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Добитокот што се подарува се дели: покрупниот се пика во шталата, а овците и јагнињата во трлото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сеген не сака да ја изгуби козата, па ја затвора во темна штала, со двојна брава, меѓутоа го заборава отворен прозорецот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На тоа место некогаш навистина постоела штала во која богаташите ги чувале своите коњи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Да земеш вистинска штала, и од неа да направиш галерија и уште да ја наречеш Stable Галерија беше нешто што во педесетите не можеше да се замисли.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Стотици цркви беа срамнети со земја, други беа адаптирани во работилници и фабрики, магазини, штали, киносали.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Побратимот ги одвел коњите во шталата, а тој влегол во кујната.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Што буден недобуден, што сонлив недосонет, си ја влечкам снагата кон шталата, кон коњот и самарот, кон ситната стока што треба да ја носам на панаѓур во Виница.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)