штотуку прил.
штотуку сврз.

штотуку (прил.)

Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Телалот уште рано изутрината ги изреди сите сокаци по маалата, па дојде и во чаршијата која штотуку се отвораше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Штотуку Трајан ја облече бугарската униформа, му стаса телеграма од дома; му пишува: „Братучед ти Висар умре, доаѓај побргу“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На безброј места крај самиот пат, речиси пред секое село, се организираат минијатурни изложби на убави и големи јаболка, на грозје, на сето овошје и зеленчук што виреат во овој крај а, крај секоја од изложбите, девојки во живописна влашка носија точат шира штотуку исцедена од слаткото грозје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој веднаш ја разби нашата збунетост и со рака ни покажа на еден голем куп од штотуку ископан песок, висок десетина метри, покрај кој се распостилаше нов канал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Фордот“ се прилепи до мене и, штотуку сакав да протестирам, кога од колата на македонски јазик, некој ме праша: - Како е скопјанец?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тревникот од младиот, штотуку насаден дрворед, некој скршил дрвце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како да си спиело, со лице на топлата земја, меѓу жолти полски тревки, меѓу мали, штотуку родени бубалчиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мирис на восок на фитил и штотуку испечен леб - бела погача; мирис на темјан и јаново цвеќе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој беше штотуку вратен од Москва, и, вистина, играше со вештачка нога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оголнови, што се вели, уште ти мирисаат на штотуку преден јаток и вапсило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми ја избричат главата и ќе ми ја врзат во штотуку одрана кожа од камила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Речиси и пред да имал време да смисли нешто со што секогаш бил поинаков од другите, пркосен, брзоплет, во бриткоста како штотуку симнат од точило, се свртел да ја гледа во далечина темната модрина на небото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, минувајќи како сиромашни муслимански аџии, им објаснувале со турски зборови на Турците дека се со кулаклии а најстариот со наџак за да се одбранат од арамии и, штотуку дошле во својата куќа, се наметнале пак со кожуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се издига од леѓенот, штотуку избраната кралица на летото, овенчана со бело цвеќе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој често забораваше дека пред себе има човек кој штотуку се описменил и дека треба да ги избира поимите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти имал кожа од јагне штотуку заклано, па решил да му ја пришие на јарето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кој ли можеше да биде, браќата штотуку излегоа, требаше да се вратат точно по три часа, срцата ни беа часовници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе