шупелка (ж.)
По пат долг и прашен од далеку вјасам, се наѕире село во зеленила цело, и шупелка ѕуни и се слуша гласот, пак во тебе мое, јас се враќам село!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Јајца в кавез петел чува. Девет дињи оро водат, во шупелка тиква дува и морков на тапан чука.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Ги познаваше лаежите на секој овчарски пес, знаеше кој овчар со каков кавал или шупелка свири и по тие звуци тој го познаваше секој булук на кој стопан е.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сѐ е озвучено во широкиот простор како од брезова шупелка.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Учителот Димитар ме научи да пеам. Да свирам на шупелка, на тамбурче.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Некој, најверојатно Цуцул Мицковски, си ја кажуваше маката со шупелка: тоа беше глас на жена кога реди подгрбавена на гробишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Меѓу нас не беа покојните Дмитар-Пејко, Јане Крстин, Пеце Дановски и Неделко Шијак, и ни свртеа грб Васко Тушев, Круме Арсов, Осип Сечковски, Трипун Караѓоз и свирачот на шупелка Цуцул Мицковски (го видов - ја влечеше без збогум по себе запрегата), и беше и не беше со нас Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не ломоти, - и невидлив се накостреши рапавиот глас. – Ќе ти кажам, ти си шупелка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Зошто шупелка? - Зошто само тие се шупливи и без ум.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Такви се шупелките, таков си и ти, врескаво братче.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во една ветровита, дождлива есенска вечер, тагата за одминатото лето ме наведе да пробуричкам по полицата, каде што пред започнувањето на училиштето ја бев затурил мојата мила, дрвена шупелка.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ги начулив ушите: - ...музичарите најдолго живеат... шупелката и свири си, свири, мозок не троши... а на оној млад човек косата му побеле... триста и шеесет книги, една по една, а сите различни...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Наместо да си ги стегнете мандолините, примовите, кавалите, шупелките, гајдите, тапаните, барабаните и, качени по овие златни ридови, да свирите, да се смирите, да се радувате и оро да поигрувате, вие очи си вадите, крв си пуштате, си ги сечете главите и зулуми правите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На Гого му беше исхраната последна дупка на шупелка: имаше чардак за работа, имаше ќелија или за сон или за несоница, имаше поглед кон суводолицата на детството.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ако беше порано шупелка, сега пушти глас од полно грло.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Понекогаш, кога во самотијата ќе ми наиде желбата да го повикам, оној другион, кој постојано ме следи, дувнувам неколку пати во шупелката. Но сосема тихо. Само тој да сушне.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сега, само да ја подотворам средната фијока од моето биро, веднаш ќе ви падне в очи иста таква шупелка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Е, па извини, ама нема да си ја трошам младоста на една шупелка што ми пее љубовни песни.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)