ѓувезија (ж.)
Додека мариовците пазарат, еве кај Петруша толку и толку шамии, шамивчиња, тулбени, грлувчиња, ракавчиња, капи, разни бугасии, ѓувезии, астари, што ли не; од Алекса Баба ќе кренат со оки шеќери, леблебии, суво грозје, смокви, газија и друг бакаллак; од Јашмакот — десетина дваесет рала чевли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Што ти е, повтори Ѓувезија Дубровска, целата си жива вода. - Ми е страв, повтори Сија Хаџибанова.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ѓувезија Дубровска одговараше послушно, без ниеден знак на противење. Всушност, таа и не знаеше што прави.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)