јагурида (ж.)
АРСО: Ама зошто да го земеш, чорбаџи Теодосе, не ти се бендисува, кога за ништо не чини! Зошто ти е такво батал, јагурида...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ако си созреал, ќе го знаеш тоа. А ако си јагурида, тогаш ... Магарштина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На премиерата авторот се виде единствен дојденец, па се почувствува како крадец во туѓо лозје каде што останала само јагурида.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Трненката е грмушка висока до човечки бој, а широка како копа ( спореди: мома како копа), плодот ѝ е ситен како брбушка, колку модар уште повеќе кисел, кој се задржува на гранките и до зиме смалувајќи се и збрчкувајќи се како природно исушена и конзервирана јагурида.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)