јачмен (м.)

Некој пченица, некој 'рж, некој јачмен за коњот, елем двесте куќи — двесте кутли; тие ти се дваесет и пет кила жито.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше војна. Како и сите други селани, и Језекил сега ги копаше и ги посеваше со јачмен и со пролетна јарова пченица подновените нивки по шумските чистинки и по присоите крај нивното село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некаде, подолу, некои жетварки жнееја јачмен и пееја: „Горештина, омарнина веќе ми се здодеало“ Трајче требаше да мине преку мостот на реката Сатеска и да премине на другата страна кај Крива Воденица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
2. Летото помина, седбата се собра. Адем ги наполни амбарите со одлична крушевичка 'рж; царевките родија не полошо од 'ржите и јачмењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Старец го крши надве лебот Во лебот мирис на млеко на доилка Легната среде јачменот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Огништето му е изгаснато, Јачмен не врзува на неговата нива, Добиток пасе горчливи билки Меѓу урнатините на напуштениот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да ќе ми прекапе јачменот трчам, летам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнавме да ги месиме и триците, крмата, да мешаме сѐ во лебот: и јачмен , и уров, и компири, и граор, и пченка, и тикви, и грав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Малку 'рж, малку јачмен, што се вели, малку пченка, и малку пченица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Оџо, знаеш ли дека имам превртено була? Летоска, в јачмен. А тоа ќе го сторам и иногда.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„И со овие заби ќе умеам да се одбранам ... Така - а? - була в јачмен. Пред големиот Бајрам.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Докторката вели: - Ова е операционата маса. Ова е скалпел. Ова е вашиот јачмен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мајката Перса ги послужи со кафе и слатко. Не со пржен јачмен, туку со вистинско кафе од што замириса целата просторија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И житото зрело со златесто класје, и амбарот полн со јачмен и овез, и кошот го сакам со пченкарно зрно, и сеното во стог, и слама во копа..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пиеше само „Дифка“ кафе, што сама си го правеше од јачмен, ’рж и слануток и никогаш не вечераше, за да им остане повеќе на дечињата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Чениците до градите. Јачмените до стреите. Леновите до појаса. Уровите до колена.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)