јорган (м.)
Ако паднам болен, дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула да ми размени, јорган да ми фрли?...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
А, чекај, дај ми го и јорганот!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: Еве, овој куферов, торбава со леб и јорганов.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Долу, под нив, поредени покрај ѕидот ноќви, стар ковчег за алишта, куфер, јорган завртен со спаѓа, торба со леб, неколку стомни и едно ѓумче со вода и леѓен. Напред неколку троножни столчиња.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Надвор се слуша крцкање од снегот a туп пад од чоек со вик: (А-а-а..) ДАРА: Јао... (преплашена бега и се покрива на кревет со јорганот преку глава).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За постилање ли биле, за завивање ли, тоа отпрвин не можела да разбере, ама кога веќе се наредувале, видела дека за завивање носеле некакви меки завивчиња што ги викале јоргани, а тие, шарените, ги постилале во одаите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега, загреан, одеше од гостин до гостин и се фалеше: Ганка му носи свилени јоргани, креденец, шарен килим, везени перници.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Митко се извлече од под јорганот, ги навлече влечките и ѕирна во кујната.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Кога се вратил, се покрил преку глава, мавтал под јорганот со нозете и се кикотел.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Зоки само тивко му зборува на Мечето и го трга за нозете под јорганот, а бабата спокојно си работи во кујната.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Натпревар на спанковците На париските часовници веќе е седум но Жан Жак не сака да стане, да се обува, да се мие. Жан Жак во ова утро главата под јорган ја крие.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Одвај ја досигнав, зашто ми пропаѓаа нозете во јорганите и перниците од креветот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Не тато, не сум, - реков, иако не знам што сѐ би дала сега веднаш да можев да се покријам под јорганот, таму да го скријам лицето.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Легнувам набрзина врз јорганот, облечен, одмарам... Ќе заспијам...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Потоа повторно тишина, во која ја пречекорувам границата на јорганот и тонам во мракот на сопствениот здив.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А небото се спушти како јорган.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)