јуриш м.
јуриша несв.

јуриш (м.)

На јуриш! Судбината ни е во скутот на бога скриена, иста и сретна!"
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
„За јуриш. Ќе ја заземам сиромаштијата.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Турците се дадоа првин на јуриш, потоа во бегање.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А ние тогаш ќе зафатиме со камења одовде и, на јуриш, во неврат ќе ги изгониме...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Напред, другари! Јуриш - искомандува Горјан. - Урааа! Урааа! Ураа! - се разнесе низ дабовите надолу.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Удривме на јуриш и со викање да го преземеме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога го доби вториот одговор, во очекување на времето да го фрли и последното камче, ја стави ногата во дупката од ровот, што по заповед беше направена да послужи како узенгија во случај на потреба да тргнат во јуриш на непријателот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во заднината имаа неколку ископи во кој вежбаа брзо излегување за јуриш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Трајан вика во сонот: Јуриш! Јуриш! Предајте се, мамето ваше!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ни рекоа дека треба да се поврати врвот Горница. И ние - на јуриш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега како? Никако... Само јуриш нѐ спасува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слуша „јуриш“ ! И излегуваме од окопите. Одново се пикаме во шумата. Шумата јачи, татони од „урааа“ !
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А по некое време таму некаде далеку грмнува и, кратко потоа, фучење и трештат топовски гранати. А потоа јуриш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А уште викам: лево крило — јуриш, десно крило — покривај ме, викам, а чевелот, гледам, ми се полни со крв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Комесарот Темелко, кој инсистираше поетот да јуриш во првите редови како доказ дека поезијата и револуцијата одат рака под рака, нареди повлекување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Деноноќно стигнуваа до центарот извештаи за однесувањето на козите, се испраќаа криптозаштитени инструкции до републичките центри, се сумираа искуства, се испраќаа препораки, директиви, се сугерираше планот за последниот јуриш против „белата контрареволуција”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Првин беа на јуриш „освоени” главните западноевропски амбаса­ди во Тирана од илјади млади Албанци кои бараа визи и излез од Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Идејата како во Албанија, со револуционерен јуриш, да се искорени троверството од сопствениот народ, со забрана на Бог, со забрана на небото за душите, со сите можни облици на душевна тортура, продолжува да биде отелотворена во последниот атеистички музеј на светот, повеќе години откако Советите и неколку други сателитски земји ја увидоа грешката.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се запленуваа на јуриш бродови на пристаништата за да се мине преку морето, да се стигне до Западна Европа и продолжи подалеку, преку океаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе