јурне св.

јурне (св.)

Не само таму што се силни, туку и одовде кога ќе јурнат сите интелигентни луѓе, каков колорит ќе ѝ дадат на земјата?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мече трепна од радост и јурна со количето надолу по патот накај реката, носен со немирни мисли ... ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги стисна забите и со шум отворајќи ја вратата истрча во ходникот. Јурна слепо во темно слепило.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Фенерот запре на човекот што лежеше спрострен наземи, јурнаа стражари со куси стапови. Убиениот го извлечкаа надвор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Залелакав и јас и јурнав кон собата на сестра ми.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На скалата не пречекавме многу: само неколцина што успеале да јурнат низ ходникот. Но и тие се струполија крај стражарот на вратата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И го извадил мечот, јурнал, и гусар и борец, замавнал со мечот кон китот и се превртел в море.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Забележа три-четири нови јагниња, што останаа во кошарата откако овците како лавина јурнаа кон поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Братучедите го искористија моментот и јурнаа кон него со кренати раце повторувајќи: - Се предаваме! Се предаваме! ...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јурнаа напред сите четиристотини востаници со еленска брзина, но во тој момент сета гора загрме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штом ќе изгрееше сонцето, орлите, во јата, ќе јурнеа од сртот на Потковицата спрема Беговски Ливаѓе, а лукавите штркови ќе ги намамеа во блатата, и тука, на земја, ги убиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Особено страдаа француските колонијални војници. Лошо обучени, или направо жртвувани од француската команда, тие ќе јурнеа право пругоре кон окопиште, а таму Бугарите на нож ги дочекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По него јурнаа и сета друга војска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Им јурнала наеднаш крвта во жилите и ги преполнила со крв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе јурне некој, ќе се затрча и туку ќе го грабне огнот, ќе го спрпелка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И таа толпа, како и мртовците, повеќе зачудена отколку исплашена, густа, исклештена, со ревење свртена кон истрелите, јурнала без сопнување и во скокови со таква ненадејност што третиот истрел ни го слушнале ни можеле да го видат - сега од нечија кола летнало само парче иверка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кучињата скокнаа на нозе сите три готови да јурнат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Страста на човекот со обетка на увото јурнала со сила на шарпланинец кога ќе сети дека стадото му го демне волк.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе