љубезен прид.

љубезен (прид.)

Го обликувавме шаторот, ги наслушнувавме туѓите чекори и правевме љубезни изрази на лицата. Никој не ни обраќаше внимание.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дури помисли дека Ангеле можеби сака ортак да му биде во јатаклакот, та затоа е многу љубезен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Ќе бидеш ли љубезна да му објасниш како дошол овде?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Туку јас се расприкажав. Таму горе, заради подбивањата, јас повеќе молчам, а Вие се покажавте така љубезен да ме ислушате и... јас се заборавив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Љубезните домаќини на овој индустријализиран комбинат за произведување на домати, и краставици и на други зеленчуци ни раскажуваат како никнало ова стопанство, овој град од оранжерии кои по своето пространство, големина и производство се едни од најголемите во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но тој бил и останал љубезен и со насмевка на младоженец пред прва вечер во која тој само ќе го повтори она што го научил на тајни среќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под пријатниот лик, благородниот гест и љубезниот збор, тие насетуваа скриена аристократска носталгија по неповратните времиња на Единствената опасност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еве го љубезниот Арапин – во менталниот послужавник ми носи шолја жежок, темен, густ чај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Твојот омилен келнер беше со бела коса, љубезен, малку куцаше и работеше за нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Луѓето во лифтовите се љубезни. Се среќаваат, си климаат со главите, си разменуваат погледи, зборови, си го вежбаат бон-тонот, бијат шеги, внимаваат да не си го промашат катот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Секој миг експлодира по некоја српска куќа, кој им е виновен кога граделе на наше, нека видат малку како е кога се урива покривот над главата, повторувам веќе слушнати реплики, и го гледам љубезното одобрување на околината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност, на платното немаше ништо друго освен кругот и потписот, но авторот беше многу љубезен и несебично одвои време да ми ги воочи горенаведените подробности, а тие беа толку очевидни, што ме фати срам поради моите глупави и излишни прашања.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Неговиот изглед на љубезен и бзделнички набљудувач кој полека го пуши своето луле во очигледно празното атеље, не можеше веќе да измамува: тоа не беше инерција туку спокојство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас стигнав таму во осум часот наутро и затекнав само еден човек во елек и без палто, мошне скромен и љубезен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Загриженост; очајување, дури, бидејќи бевме прилично оддалечени од сѐ, во foret која беше sans на телефонот или љубезните ренџери, на plage која беше sans на чуварите или другите званичници освен можеби само­поставениот директор за паркирање кој покажа строго сочувство кога на лош француски му ја пријавивме својата загуба, но кој не можеше да ни помогне на било каков начин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не е важно која беше процедурата на нашето враќање и враќањето на нашата кола (љубезниот британски моторциклист до автопатот; уште пољубезното арапско семејство кое излегло да се повози последниот ден од рамазанот, до Тангер со еден пар средовечни јенки туристи; следниот ден, љубезниот возач од агенцијата за изнајмување коли кој доби добра напојница и, се разбира, имаше дупликат од клучевите; сигурниот чувар на плажата, кој со болно достоинство му објасни на возачот дека мојата напојница од осум дирхеми не е соодветна на тоа што тој „цела ноќ” го чувал нашето сега веќе отклучано комби, но дека уште два дирхеми ќе ја суредат работата); поентата на оваа анегдота со загубениот клуч, на која во меѓувреме едвај и да помислив, сѐ додека оваа дигресија со која купувам време не ја врати, е што...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Леонардо пишува: „Кога Љубовниот чин од двете страни се изведува со голема Љубов и голема страст, синот ќе поседува голем, духовит, жив и Љубезен интелект.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Според редот, прв требаше да се огласи директорот на нашиот театар со непроменливиот љубезен израз - клише на лицето, и кога е тажен и кога е среќен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го повикаа стариот главен лекар, беше тоа љубезен човек, рече дека ќерка му се разболела.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Наместо да продолжам со излагањето на своите американски впечатоци, сфаќам дека е попаметно да им ја возвратам насмевката на љубезните сопатнички и да го почекам оброкот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе