ќебапче (ср.)
- Ајде, батка, спушти ја топката. Заборави! Ништо не реков, ништо немам против жената. Земај слободно од ќебапчињата. Уште се топли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И мислам дека борејќи се со вакви размисли бев на пат да совладам цело едно брдо ќебапчиња во ќебапчилницата на Кире Сомунот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Тамам, ќе мислат дека сме јаделе ќебапчиња со кромид.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се одвезовме на Бондаи Беј одбравме место на ресторанската тераса и нарачавме некакви ќебапчиња од морски животинки и, се разбира, по едно студено пиво.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)