ќемер (м.)
Се наведе, го распетла на брзина елекот, па кошулата. На голо, најде ќемер опашан.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И така лирите не му прават никакво задоволство во ќемерот под перницата или затнати негде во некој ќош во неговите конаци во Прилеп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Лобуд-паша му го дал на Ѓурчина ќемерот од Алија со парите, коњот и јатаганот, и уште му го дал и откупот за главата на разбојникот што била уценета.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во врска со парите, Камилски забележа и неколку турцизми што означувале разни предмети во кои се носеле и се чувале парите, како на пример: ќесе, вид паричник (од турски kese); ќемер, намерно сошиен појас со прегради кој се носел и директно на телото, под облеката (од персиски kemer); арч, арџ, трошок (од арапски har).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)