џам (м.)

СИМКА: Да не скрши некој џам?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Туку, галиба, доста е бришењето, се истанчија џамовите како книги цигарски.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Погледај, отвори очи, види колкава дамка си оставила на левиот џам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И јас ќе се искрадам кога понема работа, а кога немало работа в село, а мајка ќе помине пред куќата Кузеска, ќе тропне на џамот и ќе рече: 19
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- „Не старее само џамот“ , велам, „сѐ друго старее“ , си спомнувам на Лазора Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А пилињата, да не знаеш што да им кажеш. Ќе ти дојдат на пенџере: врапчиња, сојки, сколовранци и ќе ти удираат со клунчињата на џамот. Ќе ти наѕираат во собата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќе и во лето, кога се домашните во полето, пенџерињата се поклопуваат со дрвени капаци но тие во мигов се раскрилени па низ замрзнатите џамови во одајата навлегува, зрачен, самракот: во меѓувреме надвор стивна виулицата, стегна сув студ и сега на небото и во воздухот се најавуваа јасник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И додека Боше и брат му Атанас Цицко ги нажапчуваат капаците, откако пред тоа првин ги отвораат, а потоа и ги затвораат џамовите, (за тоа малку време во одајата шибнува студен воздух и за час го растерува чадот од цигарите и мирисот во восокот на свеќите) тој намерно зборува полека, намерно развлекувајќи ги речениците, за да остане помеѓу зборовите празнина во којашто, се надева, другите ќе имаат време да се досетат за што зборува и да размислат за тоа што зборува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој час некој или нешто се засенува од таа страна на прозорецот, потоа тивко и претпазливо тропка на џамот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас и Манол го направивме гревот, вели, го скршивме џамчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Времето беше како џам, а воздухот крцкав.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таму, собирајќи секакви дрвени дробеници, има малку место во неа да се смести и околината: фабриката со оџакот што се брца во денот што постепено се разбиструва, бавчите во кои како да се напикала снагата на зградата, дрвената куќарка на Дине Бочаровски (скоро сите дрвената барака ја сметаа веќе за негова), големата куќа на неколку ката зад бараката на Дине со џамови во кои оти на високо проблеснува изгрејсонцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сега се открива дека просторијата била користена и сигурно затоа има џам и врата, и доста штици на другата страна, некакви си ногари што ѕидарите ги викаат магариња, ама не како за скела, туку ниски, како за кревети.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ѕидови наоколу, дупки за џамови и неколку столбови по средината што ја крепат горната плоча.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А таа, нестрплива, место да влезе, притрчува до џамот, лицето ѝ спотнато и озарено како зрела кајсија, и вели: „Беше“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пукнаа во неа и таванот, и џамовите, и ламбата и черчевињата. Се струполија, се ничкосаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одеднаш рикна толку силно што од таа рика испукаа џамовите, срипаа ќерамиди од покривот и паднаа на подот од кланицата. Се покажа небото, се осветли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во чудо се прашваа: „Од каде долетала гугучката, од каде влегла кога џамовите се затворени, капаците клапнати, пердињата спуштени?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред Богородица прва се поклонува баба Перса гласно ломотејќи благодарности и молби, на крајот ја целува и на ред е секако малечката Пела која веднаш се наоѓа во рацете нејзини што ја надвиснуваат над Богородица која е поклопена со дебел џам и гласот од баба Перса вели Благослови ме мајко Богородице! и таа ги повторува истите зборови, па рацете на баба Перса ја спуштаат крај себе и сега пред мајката Богородица клекнува нејзината мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе