џет (м.)
На спротивната маса седеше позната музичка фаца од џет смет естрањата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Колку е киселава вода? - праша џет сметерот. - 25 денари - му одговори продавачот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имаа повикано преку 700 гости меѓу кои и видни личности од џет сметот што беа пријатели со нејзиното семејство.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Има ли надеж за сирота класа да има редовно бифтек на маса сувите корки за душмани клети плавуши лажни да станат бринети Има ли куртул од градскиот крем безлични курви со ефтин парфем има ли куртул од сиот смет самопрогласен лажен џет сет Од Долно дупени па до Прдејци стигнаа субвенции за земјоделци наместо трактори купија вили слекоа опинци станаа цивили
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)