Грузија (име.)
Како вистински јаничар тој беше во состојба да ја жртвува својата мала татковина и својот идентитет на Грузинец за идеолошката татковина на советскиот комунизам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јаничар од нов, комунистички ков, каков што беше губејќи ја својата мала татковина и грузискиот идентитет, жртвувајќи ги за големата идеолошка татковина на советскиот комунизам, Сталин сигурно ќе завршеше со изместена душа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јосиф Висарионович му се појави на рускиот народ како демиург кој потекнуваше од друг народ (грузискиот), за да го оствари божјиот сон на мистична Русија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Брзо дозна дека баклавата (од персиски blave) била традиционално познат заеднички десерт на сите народи на Персија и на Османската Империја, но станал и национален колач на сите земји на Балканот, на Средниот Исток и Магреб, а се проширил и во Грузија, Ерменија, Кипар...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)