Евреин м.

Евреин (м.)

И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Како што Евреите, кога воведуваат дете во училиште му велат: „Учи се! “ - како она што значи алеф, така и Грците го примија алфа.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Кога им е празник, нешто како Велигден, Евреите фаќаат рисјанчиња и ги закопуваат во своите визби. Понекогаш и живи деца закопуваат. Не верував.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Евреите го заковале Христа. Религиските факти можеа и да ме убедат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Зошто? Што имам јас со Евреите, се бранев од стихијата, од нив, од себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тазе поповите се познаваа како мариовци уште од порано, та бидејќи поп Илија се наоѓаше во „грчки“ центар — во Битола (што му даваше кураж), колку го сретна Пројчета во тесното уличе пред дуќанот на Мушона Евреинот и Ристета бѕовиќанецот, застана пред него и почна да го навредува и предизвикува: — Оче наш, прчи паш, вати мачка за опаш . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пазар во Прилеп е сабота, затоа и нема Евреи тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, идат Евреи и во овој град како по сите градишта, но не во тој нивни празничен ден во кој што не работат, ами ја прибираат вересијата од своите многубројни муштерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стотици илјади чешки евреи пострадале во нацистичкиот логор „Терезимка“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кажи ѝ: ако мисли вака да ме ликвидира, славата подолго ќе ми трае, како на Исус Христа: ако не го убиеја насила Евреите, не ќе станеше толку славен...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Макс Левенфелд, по потекло Евреин од Босна, го напушти вилаетот, на писателот и свој, заради омраза, не из'ртена во него туку околу него нашинска омраза, взаемна во допирот и во животот на нашите луѓе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Лажеш, вели Вили, не веруваа само Евреите и убиените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Кога царот Ирод наредил да се исколат децата, - продолжи игуменот, - тогаш Евреите, одејќи од куќа во куќа, оставале бршленова гранка во секоја куќа каде што ќе заколеле дете за да не се навраќаат повторно во тие куќи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од морски брегови сум терал камили. Евреите басмари и денес ме бараат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сириецот се испулува со зацрвенетите, тркалезни очи: - Кажуваа дека во коњот влегла душата на измачениот Евреин.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Евреинот имал синови близнаци, слични еден на друг ко јајце на јајце.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе