СССР скр.

СССР (скр.)

На прашањето што најважно се случило, на пример, во 1941 година, машината не даде одговор дека најважното е што фашистичка Германија извршила напад врз Југославија, врз други земји и врз СССР.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многу трговци, многу излагачи од далечниот Северен Виетнам и Северна Кореја, и тие од Индија, Либан, Балканот, Средна и Северна Европа, па и тие од СССР, Западна и Источна Германија, од Англија и САД, сите ги затворија саемските книги во Лајпциг со релативно задоволителни резултати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На пример, павилјоните на СССР и на САД, обата грандиозни, поставени еден наспрема друг, едниот четвртест, другиот кружен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вештачки дожд во СССР.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни треба уште излезна виза од СССР.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Удира во бродот што ќе нѐ крене. Товарни брод ,Одеса", СССР.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никола Ковач, писател, универзитетски професор Fiction du totalitarisme, Paris, 2002 Козите постануваат симбол на руралната слобода која беше одземена од Урал до Јадранското Море по напуштањето на НЕП во СССР до воспоставувањето на колхозите на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму како што САД и СССР го контролираа светот минатите четириесет години дистрибуирајќи оружје во секоја услужна диктаторска земја, сега Јапонските и компаниите од Силиконската долина го ослободуваат светот со бескраен прилив на електронски алатки дизајнирани за индивидуална употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес во СССР ги затвораат атеистичките музеи во налетите на ревизионизмот на Хрушчов.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сталин беше прогласен за врховен виновник за милиони, милиони невини жртви во земјите на СССР и неговите сателити.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По распадот на СССР и по стекнувањето на независноста, земјите од Средна Азија со турскојазично население се префрлија на латинични системи на писмо или на арапско писмо, прифатено под силно влијание на исламот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие карактеристики и политиката спроведувана во СССР придонесоа кирилицата да стане официјално писмо за низа турскојазични народи, кои живееја на просторите на СССР, секако, со мали модификации. Маргина 37 103
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И КПЈ како дел од големото семејство на комунистичките партии патронирани од СССР на 4 јуни 1941 година донела формална одлука за вооружена борба.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Влегувањето на СССР во војна претставувало сигнал за комунистичките партии за вооружена борба.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, во деновите кога се очекувало потпишување на договорот ненадејно пристигнало писмо од Москва во кое се повикувале претставниците на Бугарија и Југославија да заминат за Москва на заеднички состанок со СССР.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во светот се насетуваше крајот на биполарната епоха, се наѕираа првите пукнатини на Берлинскиот ѕид, крајот на Варшавскиот пакт и СССР, продолжуваше да живее. Движењето на неврзаните, макар што нејзините основачи Нехру, Насер, Сукарно, Тито и други беа исчезнати од животот и политичката сцена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Посебно во фанатичното продолжување на сталинизмот во Албанија и по неговиот пад во СССР и во сите други земји на Варшавскиот пакт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ноќта на 6 ноември 1987 година, на приемот во амбасадата на СССР, со ништо не можеше да се претпостави дека на утрешниот ден во Тунис ќе биде означена новата ера, односно на тој ден Хабиб Бургиба ќе го доживее својот конечен пад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас бев прва година на факултет кога мајка ми отиде на апсолвентска екскурзија во Русија (тогашен СССР) со студентите од Шумарскиот факултет.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќе