ак (м.)

И ак' нему Турчин кажит: „Ѓаур, ќор оласан“, него он да да не докачват с јаловита дума.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нека ми е уѓе: на таква глава таков брич, што го вели тој збор татко, ем ак има што го вели, чунки сѐ што ме учеше и ми велеше, сѐ по глава ме удри.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И на сите треба до ак да им дојде овој стар дедо поп Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Башмајсторе“ рече оној: „дојдов да ми го исплатиш акот, јас си најдов друга работа во градов“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Тој ак“, му рече сега Башмајсторот на оној, „е акот на мајка ти, и јас него ќе ѝ го дадам нејзе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури последната вечер, кога беа блиску до селото, по една недела пат, Башмајсторот го повика онојго крај огнот и пред сите му изброја сѐ, што имаше заработено, а му придаде нешто и од својот ак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама нели как шо викат стаарте ак пупушташ на жена, живците ќе ти пупуштат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Одвреме-навреме помислуваше ибн Пајко дека сепак им дојде до ак на Турците.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако со тоа може да ми дојде до ак, не знам како ќе му успее.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Абе ак си народен непријател, се знај шо се прај сос тебе... До ѕидче, бам и под земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)