аквариум (м.)
Аквариумот го средив како сон. Го накитив со украсни билки.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Потаму — аквариум со златни рипчиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Следниот ќе го преправам во аквариум.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не можам да смислам куче врзано на балкон, птица во кафез, риба во аквариум...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не, јас нема да бидам како мојот збудален московски познаник Жења којшто својот стан го претрупал со аквариуми - и на крајот (ах, тој советски фушерај!) со својата водена менажерија пропаднал еден спрат подолу.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Џонс е сѐ уште во луна паркот, но има поголем аквариум, со свежа морска вода што му ја носат еднаш неделно.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Над аквариумот висеше незграпна дрвена структура, прошарана со редови на прашинести божиќни сијалички.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Така, колку повеќе се отуѓуваше од своите колеги на работа што се придржуваа до востановената методологија во практиката и до малограѓанскиот начин на животот, Миха сѐ повеќе се доближуваше до шареновидниот и контроверзен свет на јавниот и културен живот, движејќи се во него како риба одгледана во аквариум, а пуштена во отворени води.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Џамлакот се плаши дека ќе се растури аквариумот на веселбите и на лутината).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Нагонската гадливост од психотични контакти поскоро ме доближуваше до едноставноста на животните отколку до луѓето, па заклучив дека можам слободно да бидам крава, папагал или некое морско домашно милениче во смрдлив аквариум.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Во кафето „Аквариус” седиме речиси како во аквариум.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)