актерство (ср.)
„Вештина“ би имплицирало и нешто понизок статус од „уметност“ сугерирајќи на аматерство, додека „наука“ би можело да алудира на механистички приод и да го омаловажи мислењето за преведувањето како креативен процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се чинеше дека Марија созреала. Се откажа од своите соништа за актерството и му се посвети нему, како во работата така и во креветот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше главен актер за чие актерство заедно беа наградувани со громогласен утрински птичји пој, грозд свежа сонцевина и подграден татнеж кој како коњски топот секогаш повикуваше на бис.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)