апелационен (прид.)
5 Постапката пред првостепениот (основен) суд мора да се заврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на тужбата, додека второстепениот (апелационен) суд е должен да донесе одлука по жалба поднесена против првостепената одлука во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односно во рок од два месеца – доколку пред второстепениот суд се одржала расправа (чл. 405). 3) во доменот на т.н. квалификувано „договорно застапување“ пред суд, дадена е можност работникот да не мора да биде застапуван од страна на адвокат, што е значителна олеснителна околност, знаејќи ги високите цени согласно фамозната Адвокатска тарифа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За поправањето на пресудата судот може да одлучи без сослушување на странките (чл. 331, ЗПП). 5. Во судскиот систем судската власт ја вршат основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на РМ (чл. 22, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Незадоволен од оваа пресуда, Ѓорѓиевски преку својот адвокат, навремено поведува жалбена постапка и предметот е отстапен на Апелациониот суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Архивските броеви под кои се заведени предметите во Основниот суд Куманово и во Апелациониот суд – Скопје, по инсистирање на соговорникот, не ги наведуваме од разбирливи причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)