аптекар (м.)
На суверните жени им продаваше лилјаци и се фалеше дека аптекарите му ги купуваат змиите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Еден од нив, аптекар во куси пиџами со многу разнобојни риги, се сети чувствувајќи дека гласот морничаво му пробива низ сета негова кожа: „Како в штала“ , па по него се сеќаваа и двајцата скарани: „Коњ! `Рзнува во број 8. Кај оној со избричено теме.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога влегуваш во аптека, сите ти прават место а аптекарите без прашање те честат со двоен лексилиум.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
По кажувањето на аптекарот на Општинската болница каде што мртвите и ранетите ги носеле, и мртвите и ранетите ги фрлале еден преку друг во колички за ѓубре.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некој од нив аптекар, друг сопственик на ан, трет адвокат во времето на окупацијата, четврт кмет итн.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
„За каде?“ - прашува Самуел, научен на аптекарска точност и претпазливост. „За долг пат“, му одговараат неодредено. Дури тогаш фрла поглед кон врвот од скалите и ги забележува жена си и двете ќерки.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Па ти му припаѓаш на оној тип луѓе кои сите работи ги мерат на аптекарска вага.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Под врбата”, заедно со Гоше, постојано се врткаше и Киријаз, вработен во аптекарската мрежа на Ласте Думбаровски како набавувач на стока.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кај нас, театарџиите (секоја чест на исклучоците) во слободно време можат да бидат се: пекари, лекари, столари, аптекари, травари, таксисти - само не консументи на театарски претстави во кои не учествуваат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Откако ја создадов аптекарската мрежа ширум татковината, народот полесно дише,“ беше неговиот рефрен во интервјуата што тој често ги даваше за најтиражните весници во земјата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ќе се сретнеме ние уште еднаш... Ти - познат писател, дизајнер, лекар, апотекар... Јас - успешен музичар, бизнисмен, педагог, дерматолог...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)