ар (м.)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа видел како Фиданка Кукникова со раце расфрла по леите пред куќа црни грутки од куп арско ѓубре.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа плачеше зад нискиот ар, што беше зад куќарката.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И, така... преубав, лимон боја фрижидер како шифоњер, со ледомат во него, тргна на пат на коњска кола, која вчера пренесувала арско природно ѓубриво.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Запрашаниот се сврте кон својот другар, тивко го праша: - Ара, како се вика ова село? - Крчишта - одговори тој со пригушен глас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)