арамија м.

арамија (м.)

ТЕОДОС: Најлошото! Да ме пресретнеа арамии поарно отколку овие фараони!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Арамија, благо го поправив, зачуден како може да биде толку зелен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така се правени за да не можат да влезат арамии да ја попленат куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој гледаше да даде што може повеќе на манастирот и со тоа да добие милост и за себе и за своите блиски, та дури и арамијата Катар Ќаа му приложи на свети Илија седумдесет лири да го чува од вариите и потерите што го бркаа, со кои пари дедот Стале му го плати зографисувањето на Аврама Дичов од Тресонче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веднаш го препозна човекот што дојде. Беше Луман арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Им го зазеде Луман арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така да знаеш... За арамијата, за Лумана. Ми го фати прагот кучето...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во темницата кротко го викаше коњот - ту арамија, ту чедо - измислувајќи разни имиња во својата нежност.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се враќа Пецоица дома и прааво кај Пеца. Вака и вака, ја изеле арамиите мисирката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еве, им плови в пресврт кораб, гнездо на стаорци и пијани арамии, исклештени и обрастени до папок в бради.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега тој многу јасно го виде на белината и своето зрно како одлета од врвот на неговата пушка и како ја фати насоката на она ужасно ѕвере, просто следејќи го в петици и сигурно настигнувајќи го, сѐ додека не се вкопа во неговата распафтана арамиска зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А уште веднаш по нивното стивнување над целата Бела Долина се надигна еден заеднички лелек од многу арамиски гладни завивања и заплисна со својот сплет, од кој како да потреперуваше целата Бела Долина, обиколена и гола. Сега Змејко можеше и да ги гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеш да ги пцуеш, помисли, да им речеш дека се страшливци, дека се арамии, а тие ќе продолжат само да ти се поднасмевнуваат будалесто вака спитомени и, во најлош случај, само ќе те надополнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зашеметено се спушти низ скалата и дотрча во собата: - Арамии, арамии ја дигнаа куќата!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И навистина, по тој однос не дојде до никаква поречканица меѓу арамиите Јована и Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе си зашета сега од село в село, но со одредена цел. Не мислеше само на фаќање бегови и што поголеми пљачки, ами од арамија се претвори во одличен агитатор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако се предадиш нема ич да а остави мулазимот — се издиши длабоко старецот, и го виде веќе сина си арамија во Толевата дружина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама, зар ова е мојата смрт? Смртта треба да ми ја донесе господ, а не некои долни арамии. Не е така? Да не исчекам, ако не е!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе