ајкула (ж.)
Ајкули, постелете ги софрите, доаѓа храна, жилаво гусарско месо и дрвени нозе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Коработ се накривува, ајкулите ја танцуваат играта на смртта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најбогат беше асортиманот на рибите и морскиот свет. Од сето она што се нудеше овде, не можев да забележам само месо од китови веројатно и од ајкули.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Професорот Пол отпи голтка и подждригнувајќи како змеј, изјави: „Ајкулата не е риба, а ако е риба, тогаш е и црв, огромен накострешен црв.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Знаете, кога бев мал, чевларите од кожа на ајкула и непце од штука правеа ѓонови за зимски обувки.... Заради голомразиците... Некогаш...“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Понекогаш, кога ќе ме фати меланхолија, паркирам покрај океанот и поминувам некое време ѕверејќи се во таа бескрајна површина, во сите тие сурфери, галеби, фоки, делфини, алги, школки, ајкули...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Него со ништо не го споредувај, не го заменувај
- при толку светлина и толку живот!
- при толку длабочини и такви ајкули!
не вели Море – тоа само ќе те заплисне
без илузии!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ајкулите спокојно си се гостат со живи остатоци од неостварените мечти.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)