базди несв.

базди (несв.)

Баздеше на боја за кожа и ги плашеше животните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Селото веќе баздеше од преџвакани лукови, труеше, корнеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стариот човек носеше пристоен темен костум и црна штофена капа турната назад над сосем белата коса: лицето му беше црвено, а очите сини и полни со солзи. Баздеше на џин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ходникот баздеше на варена зелка и на стари простирки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го прегрна со моќната рака околу рамењата, го привлече кон себе, баздејќи му на пиво и повраќаници. праша таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ходникот навистина баздеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А го извалка целиот ров и од повраќање и од... Уште мириса, море базди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)