бакне св.
бакнеж м.

бакне (св.)

Дворот се начичка добро до народот и од неговата таговна вика. (Сите пак, не ги ни собра.) Сред плачот се стегаше народот надвор и благо секој на мртвото тело Кузманово сакаше да му се доближи: да го бакне неговото чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да се бакнеме, куме! (Го бацува бргу.) ТЕОДОС: (Се брише со гнасење.) Ме изеде, ламја!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
САВЕТКА: Си дадоа збор, се... Аирлија си рекоа. Мене Николаќи ми бакна рака!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Среќо моја, дај сега и јас да те бакнам. (Се бакнуваат).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: (зема збогум со Антица и сака да ја бакне, кон баба Анча).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Еве, да видиш, не само што ја гушкам, ами и ќе а бакна, — а де? Пукни , да пукниш, ќорла една!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Да сте живи и здрави! — и посегна, и бакна рака на Стојанка и ја поведе горни крај на трпезата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога во групата деца најпоследно се појави девојче да го бакне крстот, се зачуди поп Трајко и си рече: — „Шо бара воа чупе меѓу децата?“ — ама си го стори адетот без да ми попречи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Селската врева ги бакна усните замислени и очите запловија во зелените езерца на ридовите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Суљо ја исправи прво главата, се поткрена на коленици, долазе до султанот и му ги бакна полите од скапоцената облека. – Милост, честити царе!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој се приближи до Христовото распетие, се прекрсти и го бакна. Потоа го отклучи куферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кметот се бакна со Крстана и потоа сите тргнаа кон неговата куќа, каде што ги чекаше Бојана. Таа не излезе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И кога му пристапи Викторија, да му бакне рака, освен со низа флорини, стариот Карче ја дарува уште со пет лири одгоре... дајреџијата
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите по ред се наведнаа над софата и секој го бакна револверот и камата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дорчо мирно пасеше. Тој му пристапи го помилува по гривата и го бакна во муцката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој се наведна, со двете раце ѝ ја фати главата на Билјана и нежно, од длабината на срцето, ја бакна в чело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стана, па прв се прегрна и се бакна со Антима, потоа со татковска нежност ја прегрна малата Иринка, која, иако причина за оваа веселба, најмалку можеше да сфати што се случува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој роднината, му бакна рака на болниот старец, промрморе одвај чујно: „Прости ми, мили дедо”, па ги свика кучињата што Денко ги беше нахранил и со торба преку рамо забрза преку Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот замолча. Му ја фати главата на својот внук, го бакна, цврсто го стегна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе