бегол (прид.)
Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Си се врати веднаш во зоната на својата тишина, и продолжи одмерено, небаре ги диктира елементите од извештајот што требаше да го поднесе комисијата пред Партијата и пред власта: - Сите овие сиџили, односно кадиски регистри или протоколи, пишувани или препишувани од разни кадии, помеѓу 1607 и 1912 година, колку што може да се забележи од овој бегол увид, пишувани на арапскотурски јазик, најголемиот дел се однесуваат на положбата на селаните, на чифлигарството, на верските конверзии, на матролозите, на дервенџиите, на јаничарите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Така е, Горде? Таа одвај го удостојува односниот со бегол и потценувачки поглед, па го одвраќа истиот час од него и го посветува на масата на која одеднаш станува главна.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Меѓутоа, на лаичката публика што не располагаше со такви сонди за да продре толку длабоко во историјата на уметноста, ѝ остануваше или со бегол па и презрив поглед да помине преку мачканиците на платната или да се препушти на начудувањето пред ѓаволското оро од богатство до експлозија на бои, во кои можеше да си замисли или препознае што сака: расцветан трн, изгниен чинар, скршена играчка, дел од човечки лик со око во уплав.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тогаш таа ќе упатеше бегол поглед по рафтовите на библиотеката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зголеми го растојанието, пламни
од долгото гледање во истиот свет, овој свет
од беглиот допир со стварноста
- од нејзината развратност, од нејзината понорност
од таа скривница во сударот со измисленото
од таа родна куќа, тој нерешлив спор
меѓу сонот и јавето –
побегни толку далеку што да истинеш од желба
да се вратиш, оддалечи се толку многу
што да немаш кога, што да немаш младост
да се вратиш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Акакиј Акакиевич, откако го закачи сам својот шинел, влезе во собата и истовремено ги виде пред себе свеќите, чиновниците, лулињата, масичките за карти, и беглиот разговор што се креваше од сите страни, и шумот на столовите што се поместуваа, матно му го поразија слухот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со бегол поглед во ситото забележа дека меѓу прстите држи една крупна грутка која не се просеа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не само Татко туку и присутните блиски беа изненадени кога штом запре возот и вагонот со натпис Paris (Gare de Lyon) се најде на вообичаеното место на перонот, Климент Камилски со куферчето слезе од возот, со бегол поглед и поздрав со кимање на главата, се упати до соседниот вагон во кој беа трите сандаци со книгите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)