безболен (прид.)
Тоа надоаѓаше во неговото тело во некакви спори налети, од кои се чинеше како по сета кожа да му избиваат некакви црвени безболни пликови, беше свесен дека тоа мускулите во него умираат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше ситен и жилав, благ во лицето и уште поблаг во зборењето, работлив и сиромав, со живи очи, сиви мустаќи, јаки безболни заби.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Итрите џуџиња, разговарајќи во џебовите на Дедо Мраз, најбезболно си го истераа своето.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Иако веќе лежеше на плеќи, имаше необично чувство како да е соборен во таа позиција од некаков страшен, безболен удар.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
(Дали е без значење па дури и безболно да носиш секало во скришниот џеб на душата?)“
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И покрај мојата наклонетост кон мирни разврски и безболни компромиси, чувствував дека треба нешто да преземам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со изопачено задоволство болката ги контролираше своите касања и оставаше доволно безболни површини, не се движеше од еден дел на телото кон друг, секогаш беше насочена кон пределот на слабините, меѓу колкот и долното ребро.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Помисли колку бргу и колку безболно ги забораваат претходните љубови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)