бездушен (прид.)
И наместо одаја брачна, ох! — јамата тесна бездушно тебе те чека!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Па му пливна крв червена низ зелена трава, спростре сја на чрна земја снага му бездушна.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Но најмногу ме мачеше Пенчо, малиот бездушен ајдук.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој има само чудни уши и бездушен е. Не му е до расправа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
По ѓаволите, па овде навистина останале само капки. Како си можел така бездушно да го отпразниш?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
И во тесната прозоречка рамка се згустуваат зли, презриво горди, полни со бездушна иронија очи: „Ха, тоа си ти, херој!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Бездушно заигра црниот оган по стеблата, по гранките, го зафати покривот од сите страни и како се скаменија децата од ужасот така се чу она темно, она грозно крцкање на гредите како коски човечки да се кршат.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Нашата тврдоглавост сѐ повеќе се оклопуваше со бездушност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чудесно е ефикасна заштита од кјеркегоровскиот страв пред исчезнувањето во бездушното мноштво.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ќе имав можност да викам, да плачам, дури и да се навредам, да им префрлам дека се бездушни, дека тепаат дете, дека тоа не е педагошки...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како воопшто го издржуваш овој одвратен, бездушен град кој не поседува минимум критериуми и којшто се пали бескрајно бавно и накнадно, ко фитиљ во цртан филм, и сѐ што имаме од него се тие комично гарави лица наутро во огледалото, ко проклети потсеќања дека овде сѐ е џабе и дека немаме шанси?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Беше проѕирно манипулирањето со блиската рода: се употребуваа последните средства во бедната и бездушна полициска фарса.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
О, бездушно, о, непотребно недоразбирање! О, тврдоглаво, своеволно бегство пред заштитничката љубов.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Забележав дека тој збор го употребувам наместо бездушниот – умирање, или безличниот – починување.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Баш е себичен! И бездушен!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не, не сум толку бездушен.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Секогаш далеку од бездушните кафеани и од малодушните девојки. Од одговорноста и работливоста. Од сезнајните и од нивните следбеници, од пократкиот пат и од вистинското решение.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Преспредметно суштество ја гази бездушната земја а долу под неа јадот плаче, само јас не можам да плачам...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Поглед кон светот бездушен и лебот на маса насушен во градот со смог задушен видов пилиштар напушен
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)