безумен прид.

безумен (прид.)

На тоа што да кажеме и што да им речеме на такви безумни?
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
А сега човеци от грешно живеење не познават ни Бога ни закон Божиј, ами ходат и живеат како безумни добици.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
— Оти, мори песјачко, ми и к'ниш децата, чавките да те к'ват и орлите коските да ти и носат? — и во таа безумна состојба ја грабна за коса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако лутата течност не беше варена од зрела `рж бев пијан и безумен и знаев дека сите во крчмата се плашат од моите очи - улишта на пакост и закана.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се тресеше, корените му беа жилави и го држеа исправен и страшен, безумен од туѓиот отпор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Везири, припадници на султанската свита, обземени од безумната желба и жедност за власт, сите го нашле своето место.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И десет дена се раскинува снагата во безумен напор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден безумен долгоушко, кому што храната не мораше да му биде крвава, кој можеше да се засити и со неколку избрстени стебленки, сам, под таа месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Место сето тоа, тој само зграпчи една рака од таа црвеникава мека раздробеност, а после ја пушташе да му се рони меѓу прстите, паѓајќи исто онака безшумно, пепелаво и право, како и густите ситни преспи на снежинките во прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку тоа и да звучи безумно, мерењето и премерувањето совреме ни стана една од најомилените забави.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пред да му се стемни, пред до клепки да потоне во поплавата на безумноста видел дека небото над него е мртво око на закланата вселена и видел во тоа око блескав цвет од лилава и бакарна и зелена светлост, за да му покаже во што да го забуцал ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се почувствував како да сум со нив, со тие безумни насилници. „Тешко ми е“, реков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рахела, покорната жена на Моше бен Азај, непрестајно напојувана со историите на прадедовските маки, не можеше да издржи пред безумниот очај на љубеното око што веќе не ја препознаваше.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така и Константин, дознавајќи за каменот, и против своја волја почна да се мачи со безумните помисли за сѐ она со што би можел да се здобие кога би го поседувал.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И ако таа не ве одвлече во безумноста на догмата или во хаосот на локалноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
11 Се прашувам од каде протече тоа страшно зло, таа свирепост, тоа безумно уривање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А по себе на народот од родот свој безумност му остави, малоумниот Ровоама, кој го одврати од себе народот свој, и Јеровоама, Наватовиот син, и гревовите нивни толку се намножија, така што од земјата своја истерани беа; посегнуваа по секое зло додека одмаздата не дојде врз нив.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе