безумство (ср.)
Човекот, самотен и намачен, го има и му останува само ова слободно право да го излие гневот со безумство на кртица и трпеливоста на влажниот црв.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На филолошкото безумство умните луѓе одговараат со смеа и презир, а на политичкото шарлатанство ние одговараме со негодување и пцости: бугарскиот народ нема друго оружје.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Добро, па како сакате да ви одговориме на факти кои вие сами ги засновате на филолошките безумства на Милоша Милоевиќа: дека Балканскиот Полуостров уште од памти век бил населен со Срби а само 200 илјади Бугари - Татари дошле и ги побугарчиле Србите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Твоето тогашно безумство и тоа што тато ти го зборуваше.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Да си признаам, јас до безумство ги сакам таквите жени.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Има една кревалка пердув лесна и памук мека која крева само со медени допири и благи погледи која наизуст ја знае тајната на цутењето на сите цветови и која од безумието прави поднослива болка.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)