бескласен (прид.)
Објасни ми го бескласното општество, му велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Заедно ја делевме судбината, ние живеевме со козите, како што би рекле вие, „бескласно”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Па со кози и на орање не се оди, како што вели народот, а камоли во бескласното општество, во комунизмот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Секретарот, барајќи да си го поврати авторитетот разнишан од овој козар, пред своите потчинети, сега поприбрано и одмерено му се обрати гласно на Чанга за да слушнат и другите главни козари: – Ние градиме социјализам на патот кон комунизмот, кон бескласното општество.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во прв ред неизневерената комунистичка вистина за нашиот правилен пат во изградбата на бескласното општество.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)