бистрина (ж.)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А кога ја виде неговата бистрина, послушност и храброст во неколку борби околу Сингидум, го засака како вистински син.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На носот му висела проѕирна капка, во бистрината на таа капка можел да се огледа светот, сето село, планината зад тоа село, дел небо над таа планина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се огледувала месечината во бистрината.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еразмо весело потрча кон мирната вода, опиен од нејзината бистрина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во песната на Абориџините се наоѓа и по некоја височинка на срцето, се наоѓа и бистрина на окото, се наоѓа и по некоја птица искубан опаш како колва трошки од туѓи соништа.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
„Ќе видиш. Ќе те одведам далеку над селото каде што бистрината на водата воспоставува контакт со водата во нашите тела. Ја здивува крвта. Ќе видиш.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Колку ли само бил воодушевен поетот од убавината на планината, од убавината на полето, од бистрината на езерото за да ги напише бесмртните стихови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Снеже со очите го впиваше лицето на Рада. Ја восхитуваше со бистрината што ја гледаше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Баба Роска го гледаше во чудо - тој човек кој со години ги фасцинираше сите со бистрината на својот ум и со беспрекорното паметење на ликови, имиња и датуми, како се претвора во физичка и психичка рушевина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Проникливоста и бистрината на Рада сакаше да ја обезвреди со своите јасно кажани погледи на животот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, таа бистрина беше покриена со црнила од изабено масло.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Саде капка по капка се наслушува - отпод карпата капе вековита бистрина... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)