благовремен прид.

благовремен (прид.)

Импликациите се длабоки и благовремени. Политиките се интерактивни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вие благовремено ги добивте материјалите за стручните квалификации на кандидатот, како и за неговите моралнополитички квалитети.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како што спомнавме, динамитните бомби што гемиџиите ги фрлале по кафеаните биле направени со долг фитил, за да им се даде можност на гостите благовремено да го напуштат локалот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И, како што благовремено се досети, најважно му беше истоименикот Едо да не дознае дека некој се интересира за него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот.  „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не ѝ било соопштено на време (чл. 123, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, откако Ристески и останатите работници, по претходна пријава од нивните раководители дека ги повредиле одредбите од Законот за јавни претпријатија (1996), од Законот за Македонски железници (1998 – денес вон сила) како lex specialis и од Колективниот договор за ЈП МЖ, беа отстранети од работните места, односно им беа поделени откази – пред управниот одбор на МЖ течеше постапка по нивните благовремени приговори, по што ним им беа потврдени решенијата за отказ без отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, тој благовремено поднесе приговор против решението за отказ до УО на фирмата, по кој не беше воопшто постапувано – па не му преостана ништо друго освен да побара судска заштита на своите повредени права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, уште во текот на октомври 1943 година била воспоставена и радиоврска меѓу ГШ на НОВ и ПО на Македонија со Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, што имало големо значење за меѓусебното и благовремено информирање за оружените судири што се изведувале на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Многу е важно благовремено да сфатиш дека си идиот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А некогаш навечер кога ние излегуваме ќе треба да бидете со Патрик, но се разбира за тоа благовремено ќе ве известиме и ќе ви платиме екстра... зборуваше брзо и певливо Госпоѓа Изабел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)