блесок (м.)
Блажено да е твоето пресветло лице озарено од Светиот дух, од него на моето лице богоразумен блесок сјае и многубожечката измама се искорени.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
МАНОИЛ: (Ја испушта пушката и паѓа изнемоштен) Оди си, ќе ослепам од твојот блесок!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
И сред тој блесок приказен, далеку од бол народен, во страстен пир се спуштивте немирен дув да смирите.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Прострелај ме, па сѐ нека стивне без расудок, без празно умување, и блесокот на тоа лудување, само твојот блесок нека вивне.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
И што ќе е тоа, тој замав, тоа запенето задоволство, тоа исчекување: остра светкавица, сребрен блесок на рибји стомак, проѕирен мразулец? Јасно, човеку: нож!
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јак блесок ги оддалечи, ги намали, ги сокри од него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беше остра светкавица или сребрен блесок на рибји стомак или студен, наскоро проѕирен мразулец.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа осети како ѝ се врти во главата. Ѝ се чинеше дека блесокот на тоа злато е пронижувачки поглед на самиот ѓавол што ѝ ја грабна младоста, здравјето и среќата и сега сака да ѝ ја земе и последната сила.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Светот боледува од единствената заедничка болка - И Лондон, и Москва, и првото село до нас имаат една желба - Со блесок на рафали да го вратат сонцето на земја.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
За прв пат јасно како острица на нож блесна во неговата глава - жив закопан, и се виде во тој блесок како се задушува, како попусто завива за помош, како по неколку дни, избезумен и гладен, ги забуцна забите во својата измршавеност и се кине залак по залак.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На вратата ги пресретна блесокот на езерото во муграта.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во непосредно соседство на големата езерска вода, привлечени од нејзиниот чудесен блесок и многу повеќе од градскиот вријавец и широките перспективи што тој ги отвора пред нив, пасквелчаните во крајот на втората книга стремглаво ќе се сјурат кон езерскиот брег.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
...раката подигната во мигот да го заштити лицето од ненадејниот блесок и додека сечивото на светлината се забива во неа низ сенката низ слабоста на погледот препознавам како утрото истечува од случајно превртената шоља за чај лизгајќи се по жолтеникавата мирисна патека долж која треперат ларвите на прекршениот бескрај... ...тогаш низ напукнатите ѕидови на воздухот што раката ги распорува на повратокот кон долу твоите заробени очи на презреана девојка безгласни а сепак меланхоничниот звук на флејтата очите твои нејаки оази на осамените ноќи сред сјајниот цут на светлото потиснат шепот на бледите траги по врелите јужни патишта...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Низ асфалтот на опустениот Град прелетуваа само рамномерните блесоци на светлечките реклами.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Токму да кажам дека греши, кога молскавичниот блесок во окото ме впива во себе.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Блесокот на порцеланот ми поминува ко танко летно облаче.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Истрел, блесок во шупливо око на офицерска кубура, визуелно ехо на нова далечина и јужна светкавица.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И пак, сега тој а не Куно Бунгур, извлекол од нејзините заби блесок што ветува возбуди и слатки морници со кои незабележано може да се влезе и во гроб на кој само од себе никнува јоргованче со лилави крилца, под него заљубените да воздивнуваат под ѕвездите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)