блуза ж.

блуза (ж.)

„Што сакате?“ ја завлече едната ракаво раскопчаната блуза, но пред тоа одговори, брзо уште пред да го чуе прашањето како за некого да научил напамет еден невешт изговор: „Војската ја напуштија активните офицери.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Девојка под чија црвена блуза плашливо дишат две дојки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кројачите одбиваат да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно, на митинг, да се откаже од мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тие што имаат плашливи гради под црвените блузи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој, онаков каков што го знаев, насмевнат, спокоен, во познатата блуза без медали.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак знаев дека се израмнуваме: мојот дух се наоѓаше во неговата едноставна војничка блуза без ордени додека јас размислував со неговиот разум.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неочекувано ѝ ја раскопча блузата. „Сеедно“, зашуме. „На тој Иван можеби не ќе му треперат рацете како на хирургот Никола. Тој можеби и не ќе знае.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му ја гледаше само левата страна од лицето, побелениот мустаќ млитаво виснат, металното копче од блузата жолто блеснато како око на мачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму го испратил главниот инженер за да подигне нешто тешко, или да ги истресе килимите, а таму беше и таа жена, таа коза, што се фрцкаше често по градилиштето со своите пењоари, или пак со градите испрчени напред под својата жолта блуза.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во бурињата имаше спакувани бомби, шмајзери, англиски пушки, зеленикави кошули, џемпери, фанели, блузи и други материјали.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ја остави пушката на ѕидот и, извлекувајќи ја блузата од под опасачот, им се приближи на братучедите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бојан не можеше да сфати. Гледаше во Денко кој ја слече блузата, па ја требеше од осилките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— А што е ова, бре ќерата? — му се врекна јузбашијата и го извади од џебот на блузата писмото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нашите работници со шлемови на главите, во сини рботнички блузи, беа распрскани по објектот. ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Растоварија цели купишта војнички блузии. На секој ни дадоа по една. Немаше што да се избира.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Сестро, - викна доктор Ференц одведи го колегата во магазинот и кажи им дека јас наредив да му дадат панталони, блуза и шинел. Ако нема шинел, тогаш ќебе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го најдов во внатрешниот џеб од мојата блуза.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми го криви вратот, ми ја откопчува блузата, ме бакнува и ме журка со мустаќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе